ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
„Глобал Гаминг“ ДООЕЛ Скопје – Изјава за приватност
Кога ќе го посетите Winner Slot Club или веб страницата на Winner Slot Casino, односно кога ќе контактирате со нас, Winner Slot Club има можност да собира ваши лични податоци. Оваа Изјава за приватност се применува на собирање и користење на лични податоци (потенцијални) посетители и играчи на Winner Slot Club и корисници на Winner Slot Casino веб страницата и Фејсбук и Инстаграм страниците.
Winner Slot Club придава големо значење на заштитата на приватност и безбедност на лични податоци и строго го почитува важечкиот Закон за заштита на податоци на личноста. Личните податоци на играчите и корисниците на Winner Slot Club веб страницата и Фејсбук и Инстаграм страниците ги користиме во склад со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
Компанијата „Глобал Гаминг“ ДООЕЛ е одговорна за користење и управување со личните податоци на своите играчи и своите корисници до кои доаѓа.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Друштво за приредување на игри на среќа ГЛОБАЛ ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: ГЛОБАЛ ГАМИНГ), со седиште на бул. Киро Глигоров бр.2, Скопје, Република Северна Македонија.
ГЛОБАЛ ГАМИНГ е Друштво за приредување на игри на среќа, каде една од приоритетите е посветеноста на заштитата на обработката на личните податоци и приватноста на физичките лица.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
ЗОШТО СОБИРАМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци ги собираме поради следниве причини:
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ЗЕМАМЕ ОД ВАС?
Winner Slot Club собира лични податоци само во мерка која е потребна за нудење и пружање на услуги, односно во мерка на која Winner Slot Casino го обврзува законот.
Winner Slot Club може да ги користи следните лични податоци на играчите:
КАКО ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци можете да ни ги откриете на повеќе начини, на пример, кога:
СО КОЈ ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Наш основен принцип е личните податоци никогаш да не ги споделуваме со трети лица, освен кога во својство на приредувач имаме законска обврска податоците да ги доставиме на надлежни државни органи.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во планот и листите согласно прописите за архивски материјал и списокот со рокови на чување на личните податоци на Глобал Гаминг.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци Емилија Најдовска на следниов e-mail: [email protected]
Право на поднесување на барање до Глобал Гаминг
Ако сметате дека начинот на кој Глобал Гаминг ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, кое ќе постапува по барањето.
Барањето може да се поднесе преку нашата веб страна или на кој било начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
ОПЦИИ КОИ ГИ ИМАТЕ
Кога ќе го посетите Winner Slot Club, се согласувате да ги обработиме вашите лични податоци за горе наведените потреби.
КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Winner Slot Club применува технички и организациони мерки на безбедност поради заштита на податоците за личноста од манипулации, загуба, уништување и пристап од страна на неовластени лица. Нашите мерки на безбедност непрестано се унапредуваат во склад со развојот на технологијата.
СНИМАЊЕ НА ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРИ
Повиците на играчите кои ги добиваме преку телефон можат да се снимаат. Тие телефонски разговори ги снимаме поради безбедносни причини. Снимените телефонски разговори не се чуваат подолго од колку што е потребно за исполнување на намената за која се првично снимени.
ПОЛИТИКА ВО ВРСКА СО „КОЛАЧИЊАТА“
Winner Slot Club веб сајтот може автоматски да собира информации додека го прегледувате, вклучувајќи добавувачи на интернет услуги, тип и верзија на прегледувачот, оперативен систем и тип на уредот, просечено време поминато на нашиот веб сајт, прегледани страници, информации до кои сте пристапиле, IP адреса која што вашиот компјутер ја користи за поврзување на интернет и друга релевантна статистика. Тие информации понекогаш се нарекуваат веб аналитика.
„Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се чуваат на диск или во меморијата на компјутерот. Можете да го спречите сочувувањето на колачињата со помош на поставките во прегледувачот.
Алатка за веб аналитика Google Analytics
Google Analytics се користи на веб сајтот. Во прашање е услуга за веб аналитика која ја пружа Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, United States („Google“). Google Analytics користи „колачиња“, текстуални датотеки кои се чуваат на компјутер и овозможуваат анализирање на вашето користење на веб сајтовите. Информациите кои „колачињата“ ги генерираат во врска со вашето користење на нашиот веб сајт обично се генерираат на Google сервер во Соединетите Американски Држави и таму се чуваат. Google ги користи тие информации во наше име поради проценка на вашето користење на нашите веб сајтови, правење извештаи за вашата активност на веб сајтот и користење интернет. IP адресата која вашиот прегледувач ја наведува во врска со Google Analytics не се поврзува со други Google податоци. Дополнителни информации за тие ставки побарајте во Google изјавата за приватност.
Winner Slot Club - FACEBOOK и INSTAGRAM СТРАНИЦИ
За да ги посетите нашите работни Facebook и Instagram страници на Winner Slot Club, морате да имате налог на социјалните мрежи Facebook и Instagram, 1601 South California Avenue, Palo Alto, CA 94304, United States. При посета на Facebook и Instagram страниците, се воспоставува директна врска меѓу вашиот уред и Facebook/Instagram серверот. Како резултат на тоа, Facebook/Instagram добива информации дека сте отвориле Facebook/Instagram страница со IP адреса. Сакаме да нагласиме дека податоците кои се праќаат до Facebook/Instagram ниту на еден начин не се користат. Дополнителни информации за тие ставки побарајте во Facebook/Instagram изјавите за приватност.
ВРСКА ДО ДРУГИ САЈТОВИ
Нашиот веб сајт содржи врска со други веб сајтови. Поврзаноста со релевантните правила за заштита на податоците за тие веб сајтови е одговорност на операторите на тие веб сајтови и е надвор од наша контрола. Поради тоа не сносуваме одговорност за политиката на приватност, ниту за содржината на другите веб сајтови.
ВАШИ ПРАВА
Во секој момент имате право од Winner Slot Club да побарате пристап до вашите лични податоци кои Winner Slot Club ги чува за вас. Имате право да ја подобрите, комплетирате или отстраните, односно да ги корегирате своите податоци за личноста. За барање на пристап и/или барање за корекција на Вашите лични податоци треба во пишана форма да пратите до компанијата „Глобал Гаминг“ на маил адресата: [email protected]